Алфа Плам
Зголемување на енергетската ефикасност на радијаторите како стратешка цел и средство за постигнување успех
Во пресрет на 5ти Март, Светскиот ден на енергетската ефикасност, време е да се запрашаме што всушност е тоа и како секој од нас може да придонесе за зголемување на енергетската ефикасност. На почеток, многу е важно да се направи разлика помеѓу заштедата на енергијата и енергетската ефикасност. Заштеда на енергија значи, правиме се што можеме за да се намали потрошувачката на истата, додека енергетската ефикасност се однесува на употреба на технологија која користи помалку енергија за својата работа.
Компанијата Алфа-Плам, како еден од водечките производители на грејни тела во регионот и Европа, се соочи со предизвик што вклучува следење на трендовите на светскиот пазар. Производството на апарати за греење во домаќинствата, кои се енергетски поефикасни, бараше прилагодување на процесот на масовно производство и бројни инвестиции. Грејните тела, кои имаат минимални загуби на енергија за време на работата, се сметаат за енергетски ефикасни. Се разбира дека загубата на енергија не може да се сведе на нула, но има тенденција да се сведе на минимум. Поточно, во случај на котлите и печките на пелети, се смета дека производите со над 90% енергетска ефикасност имаат високо ниво на енергетска ефикасност и носат ознака А+ осносно А++ енергетска ефикасност.
Компанијата Алфа-Плам е горда да истакне дека повеќето од нашите производи со пелети имаат стапка на енергетска ефикасност од над 90% и дека континуирано работиме на развој на нови и подобрување на постојните модели со цел да се постигнат максимални перформанси при работа, со минимални загуби на енергија. Стандардот Еко Дизајн, кој од минатата година е неопходен услов за извоз на грејни тела во ЕУ, беше воведен со цел дополнително да се потенцираат енергетски ефикасни производи, но и да се елиминираат производите кои што не се.
Во последниве години, постои тенденција да се купуваат производи што се енергетски ефикасни во нашата земја. За таа цел, започна Кредитната линија за зелено финансирање (скратено ГЕФФ), програма на Европската банка за обнова и развој, која обезбедува средства за финансирање на енергетски ефикасни технологии во домаќинствата – станови, семејни куќи и станбени згради. Програмата обезбедува финансирање на земји од Западен Балкан.
Компанијата Алфа Плам, со големо задоволство се приклучи на ваквиот проект се со цел да се подигне јавната свест за енергетската ефикасност и растот на бројот на домаќинства кои ги користат пелетите како единствен огрев за греење. Со купување на печка на пелет од асортиманот на Алфа – Плам, во одредени малопродажни објекти, се стекнувате со можност за кредитирање преку деловни банки, како и можност за враќање на средства во износ од 15-20% од вредноста на заемот. Погледнете повеќе за тоа на веб-страницата на Алфа-Плам, преку линкот подолу: https://www.alfaplam.rs/sr/news/details/230
Компанијата Алфа-Плам Ви препорачува дека со зголемувањето на енергетската ефикасност на грејните тела, од една страна значи поголема финансиска заштеда за крајните корисници, а од друга, поповолно влијание врз животната средина и создавање услови за одржлив развој.
Така, поголемите почетни вложувања во системот за греење на пелети е долгорочна инвестиција која е профитабилна и за домаќинствата и за животната средина.