За нас

Овластени дитрибутери за производите на Алфа Плам на територијата на Р.Македонија се следните компании:

МАРЕМИ ТРЕЈД

Мареми Трејд е фирма од Куманово која е овластен застапник и дистрибутер за брендот Алфа Плам од Врање – Р.Србија. Фирмата е основана 1995 година и има повеќегодишно искуство во областа на увоз и продажба на апарати за грејна техника на територијата на Р.Македонија.

ГРАНЕКСПОРТ

Гранекспорт е компанија основана 1991 год како резултат на ентузијазмот и заедничката визија на двајца содружници. Започнувајќи како мало претпијатие во областа на трговијата на големо со црни и обоени метали и огноотпорен материјал воспоставува соработка со повеќе производители на апарати за домаќинство и грејни тела меѓу кои издвојувајќи и концентрирајќи го најголемиот дел од својот потенцијал во реномираниот производител од металната индустрија АЛФА-ПЛАМ Врање.