Печките на пелет се специјални печки кои што користат пелети од дрво, одржувајќи ја постојано посакуваната температура при работа во економичен режим и до 24-36 часа помеѓу две полнења на резервоарот со пелети.

Овде ќе биде објаснето колку е важно адекватно да се одржува печката на пелет и на кој начин.

За жал, некои сопственици не се свесни дека нивната употреба бара доследно одржување и чистењена печкатаза да може да функционира на оптимално ниво.

Квалитетот на пелетите играат голема улога во обезбедувањето контрола на согорување.

Основното чистење се врши на дневна и неделна основа од страна на сопственикот на печката на пелет.

Дневното чистење вклучува:

  • Празнење на пепелникот од котелот,
  • Отстранување на наслагите од пепелпод ложиштето (доколку има),
  • Чистење на ложиштето во кое горат пелетите,
  • Усисавање околу цевката на грејачот,
  • Чистење на комората каде што е поставено ложиштето,
  • Чистење на пепелта во турбулаторите (поместете ја рачката нагоре и надолу. Рачката ги крева и спушта спиралните турбулатори што се наоѓаат во цевките на разменувачот на топлина, така што пепелта што се собрала таму паѓа во долниот пепелник). Протресувањето на турбулаторите може да се направи и за време на работа на печката.

Неделното чистење извршено од корисникот вклучува:

  • Празнење на долниот пепелник и усисавање на аглите и темелно чистење на комората,
  • Со четка за чистење, исчистете ги каналите над ложиштето,
  • Проверка на турбулаторот како за секојдневно чистење.

Месечно чистење:

  • Чистење на резервоарот за пелети (вшмукување прашина на дното што се акумулира од вреќите со пелети)
  • Проверка на проодноста на ќумците (се препорачува да се чистат на секои 2-3 месеци, со отворање на капакот во ревизискиот дел на Т-рачвата – почетокот на димни цевки на котелот и усисавање на пепелот, и еднаш во 3 месеци се чисти влезот на димни цевки во оџак).

Со сите котли на пелети, правосмукалката е добредојдена за добро одржување. Може да се направи и без нејзе, но практично е за усисавање на мала прашина во аглите што се недостапни и делот каде што лежичашката во ложиште.

Потсетуваме дека со користење на пелети од овластени производители со ознака EN сертификат што се гледа на пакувањето, се обезбедува подолго и поефикасно работење на печката. Периодот на чистење директно зависи од квалитетот на пелет. Користејќи пелети со несоодветен квалитет, ризикувате печката да остане запушена или да се чисти неколку пати на ден.

Редовното чистење од Ваша страна ќе ја зголеми долговечноста на Вашата печка и ќе осигури дека излезот на димни гасови е прооден така што чадот ќе излезе низ оџакот а не да биде спречен поради запушување на коморите за согорување.

И покрај редовното чистење на печката, ќумците и оџакот, доколку и понатаму имате проблем со печката, како на пр. не пали, задоцнето палење, проблем со механизмот за чистење-турбулаторите, паднати врвки, тогаш повикајте овластен сервисер.

Печките кои не се чисти, не можат да работат со полн капацитет! Секое занемарување на димни цевки ја намалува ефикасноста на печката до 30%.

Се надеваме дека ви помогнавме да ја разберете важноста на редовното одржување и чистење на печката на пелет за да постигнете максимални перформанси и заштеда на гориво.

Можете да најдете видео упатства за чистење на печката на пелет а и нашата служба за техничка поддршка ќе биде достапна за сите Ваши прашања.

Лука : https://www.youtube.com/watch?v=uyXNvbwWTvg

Комо 15/21 : https://www.youtube.com/watch?v=kE7JtN91UXk

Компакт 23 : https://www.youtube.com/watch?v=Tl4QTCW44Gs

Гранде 28 : https://www.youtube.com/watch?v=sIOQ7tbZvws

Дино : https://www.youtube.com/watch?v=vdblp-87p_I

Ксила Аир : https://www.youtube.com/watch?v=u6dR7sqcWdE

Ксила Идро : https://www.youtube.com/watch?v=OqbRTNbsTAo

Остави Одговор

Your email address will not be published. Required fields are marked *