Право на учество имаат сите полнолетни граѓани на Република С. Македонија кои во наведениот период купиле производи од компанијата Алфа Плам, односно за кои се однесува акцијата. Акцијата се однесува на сите модели на шпоретите Аlfa 70 и 90 како и кај шпоретите Аlfa Term 20, 27 и 35, Central 23 и Alfa 70/90 HE како и на целокупниот асортиман на производите на пелети. Купецот стекнува право на учество во акцијата со испраќање на копијата од фискалната сметка, со лични податоци (име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон), најкасно до 10.11.2022 година, на една од следните адреси: МАРЕМИ ТРЕЈД ул.7 бр.30 Индустриска Зона Карпош, 1300 Куманово или на ГРАНЕКСПОРТ ул. 50-та Дивизија бр. 24-А, 1000 Скопје, со назанака „За учество во акцијата Зима, зима па нека е? Кога е зимата – Алфа Плам! “ или скенирано на електронска пошта akcija@alfaplam.mk сите пријави кои не се со потполни податоци, како и пријавите кои ќе стигнат после 10.11.2022 година, нема да бидат земени за разгледување.
НАГЛАСУВАМЕ: На фискалната сметка мора да биде јасно наведен моделот на производот за кој е издадена сметката, бројот на фискалната сметка, датата на издавање и податоци за малопродажниот објект кој ја издал сметката, за да може купувачот да го оствари правото на поклонот. Една фискална сметка може да се испрати само еднаш. Во случај на повеќекратно појавување на иста фискална сметка, (испраќање по основа на исечокот на фискалната сметка), поклонот ќе го добие учесникот кој прв ја испратил наведената сметка. Фискалните сметки кои не ги содржат потрбните податоци и оние кои не се издадени во периодот на траењето на акцијата, нема да бидат земени за разгледување. Дистрибуцијата на поклоните ќе биде
извршена во периодот од 01.10. до 30.11.2022 година.

Поклони:

1. За купување на трајножаречки шпорет од групата Аlfa 70/90 Favorit, Alfa Dominant 70/90, Donna 70/90 купувачотстекнува право на поклон инокс тенџере Братство 1.5 литри
2. За купување на шпорет Alfa Term 20, Alfa Term 27, Alfa Term 35, Central 23, Alfa 70 HE, Аlfa 90 HE купувачот стекнува право на поклон инокс тенџере Братство 2 литри
3. За купување на печка Luca, Luca S8, Luca R, Luca 12 купувачот стекнува право на поклон правосмукалка за пепел РИБИМЕКС МИНИЦЕН 800 Вати
4. За купување на печка Аlfa 90 Pelet, Аlfa Term 20 Pelet, Commo 12, Commo 15,Commo 21, Dino 17, Dino 24, Dino 27, Commo Compact 15, Commo Compact 23 купувачот стекнува право на поклон
правосмукалка за пепел РИБИМЕКС ЦЕНЕФЛЕЈМ 1.200 Вати
5. За купување на котли на пелети Grande 28, Grande 37, Grande 37 Lux,Commo Compact 32 и Commo Compact 37 купувачот стекнува правона поклон Wi-Fi модул за управување со шпоретот.

Остави Одговор

Your email address will not be published. Required fields are marked *