Почитувани,
На 01.09.2019та година имавме чест да бидеме горд спонзор на промоцијата на двете Асоцијации – Билијард асоцијација и Снукер асоцијација на РСМ, кои имаат единствена цел афирмација и популаризација на овие спортови во европски и светски рамки. Во програмата на работење на Асоцијацијата веќе е вклучена и соработка со женски билјард снукер клуб посебно во организацискиот и судискиот дел, како и соработка здружение за лица со посебни потреби, како проекти кои се составен дел од патот на билјард спортовите до влез во Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК). Во таа насока секако е и заложбата брза интенција во семејството на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).
– Во најскоро време очекувам да бидете дел од нашето спортско семејство. Вообичаено тоа се случува во месец ноември, кога е предвидена и годишната конференција на МОК во која има над 60-тина други спортски асоцијации. Верувам дека таа афирмација на овие спортови ќе ви овозможи да бидете уште поуспешни. Имам впечаток дека извонредно сте стартувале, извонредно е таа ваша организација, и по малу имам чувство дека голем дел од останатите спортски организации не се така добро организирани, коко вие денеска кога сте во иницијална фаза на организирање и постоење, изјави Проф. др. Васил Тупурковски, претседател на МОК.