Нова наградна акција на Алфа Плам! Со секој купен електричен или плински уред добиваш на подарок ново тенџере за вкусни традиционални јадења за целото семејство!
—
Во периодот од 15.12.2022 – 31.01.2023 година компанијата Алфа Плам организира подарок акција во која секој учесник добива подарок.
Повеќе информации на www.alfaplam.mk
Со учествувањето во акцијата, на учесникот му се дава согласност од организаторите (МАРЕМИ ТРЕЈД од Куманово и ГРАНЕКСПОРТ од Скопје) да ги прибере и обработи неговите лични податоци (име, презиме, адреса и телефон). Вака прибраните податоци, ќе бидат искористени во согласност со Законот за заштита на личните податоци, исклучиво со цел, спроведување на акцијата, во текот на времето кое е потребно за целосно спроведување. Учесникот во акцијата, може во секој момент да побара пристап до своите податоци, нивна измена, дополнување или бришење, односно отповикување на согласноста за нивна обработка. Во случај на одповикување на согласноста за обработка, учесникот го губи правото на учеството во акцијата.
Право на учество имаат сите полнолетни граѓани на Република С. Македонија кои во наведениот период купиле производи од компанијата Алфа Плам, односно за кои се однесува акцијата. Акцијата се однесува на сите модели на електрични и комбинирани електрика-гас шпоретите С 140.50.13, С 14050.33, С 140.55.13, С 140.55.13 Р, С 140.55.33, С 140.55.43 Р, СГ 122.55.13, СГ 122.55.13 Р, СГ 122.55.33 И АЛФА МИНИ ЕЛЕКТРИК.
Купецот стекнува право на учество во акцијата со испраќање на копијата од фискалната сметка, со лични податоци (име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон), најдоцна до 10.02.2023 година, на една од следните адреси: МАРЕМИ ТРЕЈД ул.7 бр.30 Индустриска Зона Карпош, 1300 Куманово или на ГРАНЕКСПОРТ ул. 50-та Дивизија бр. 24-А, 1000 Скопје, со назнака „АЛФА ПЛАМ КУПИ, ПОДАРОК ДОБИЈ” или скенирано на електронска пошта akcija@alfaplam.mk сите пријави кои не се со потполни податоци, како и пријавите кои ќе стигнат после 10.02.2023година, нема да бидат земени за разгледување.
НАГЛАСУВАМЕ: На фискалната сметка мора да биде јасно наведен моделот на производот за кој е издадена сметката, бројот на фискалната сметка, датата на издавање и податоци за малопродажниот објект кој ја издал сметката, за да може купувачот да го оствари правото на поклонот. Една фискална сметка може да се испрати само еднаш. Во случај на повеќекратно појавување на иста фискална сметка, (испраќање по основа на исечокот на фискалната сметка), поклонот ќе го добие учесникот кој прв ја испратил наведената сметка. Фискалните сметки кои не ги содржат потрбните податоци и оние кои не се издадени во периодот на траењето на акцијата, нема да бидат земени за разгледување.
Дистрибуцијата на подароците ќе биде извршена во периодот од 15.02. до 28.02.2023 година.
Подарок: БРАТСТВО инокс тенџере со капак.